Само 5% од компаниите во земјава се извозно ориентирани. Тоа е многу мал процент затоа Владата и бизнис-заедницата преку секојдневен дијалог заеднички треба да работат на унапредување на извозот преку имплементација на стратегии и создавање на конкурентни производи. Крајната цел е да се зголеми бројот на македонски компании што ќе извезуваат и кои ќе имаат конкурентен производ на странските пазари. Во оваа насока се движеа размислувањата на економските министри, претставниците на Коморите и бизнис-заедницата на вчерашната, седма конференција за унапредување на извозот, што беше организирана од Министерството за економија. Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, се очекува продолжување на трендот на зголемување на извозот и преку поактивно ангажирање на економските промотори, особено во презентацијата на македонските компании на странските пазари. Сега само 5% од активните компании во Македонија реално се занимаваат со извоз. Ќе настојуваме тој број да го зголемиме, а се разбира и структурата која во овој момент во голем дел се производи со низок степен на додадена вредност.
Само 5% од компаниите во земјава се извозно ориентирани. Тоа е многу мал процент затоа Владата и бизнис-заедницата преку секојдневен дијалог заеднички треба да работат на унапредување на извозот преку имплементација на стратегии и создавање на конкурентни производи.
Крајната цел е да се зголеми бројот на македонски компании што ќе извезуваат и кои ќе имаат конкурентен производ на странските пазари. Во оваа насока се движеа размислувањата на економските министри, претставниците на Коморите и бизнис-заедницата на вчерашната, седма конференција за унапредување на извозот, што беше организирана од Министерството за економија.
Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, се очекува продолжување на трендот на зголемување на извозот и преку поактивно ангажирање на економските промотори, особено во презентацијата на македонските компании на странските пазари.
- Сега само 5% од активните компании во Македонија реално се занимаваат со извоз. Ќе настојуваме тој број да го зголемиме, а се разбира и структурата која во овој момент во голем дел се производи со низок степен на додадена вредност. Сепак, од годинава веќе структурата на извозот се менува како резултат на работата на компаниите во слободните економски зони - рече Пешевски. Тој појасни дека годишен извозен производ веќе не се само металите, туку и деловите од автомобилската индустрија, а овој тренд треба да продолжи и во слободните економски зони што се градат.
И министерот за економија Валон Сараќини укажа дека Владата активно работи на поддршка на извозот, при што информираше дека во соработка со Светска банка е подготвена стратегијата за промоција на извозот со конкретен акциски план.
- Вредноста на извозот лани е зголемен за 29%, додека увозот за 13,4%. Тоа позитивно влијаеше на намалување на ланскиот трговски дефицит кој изнесуваше 21% од БДП - вели Сараќини. Тој очекува извозот годинава да заврши со пораст од 21,2% во однос на 2010, а увозот исто така со раст од 20,2% .
Во Сојузот на стопански комори на Македонија сметаат дека компаниите треба да работат на создавање производи и услуги што ќе бидат извозно конкурентни, а малите претпријатија би требало да се окрупнуваат и заеднички да настапуваат на странските пазари.
- Околу 40 илјади се микро и мали претпријатија кои немаат доволен капацитет сами да освојуваат странски пазари. Тие мора меѓусебно да се здружат и со заеднички напор да создадат како квантитативна, така и квалитативна понуда која ќе може да го најде своето место на странските пазари и во услови на очекувана рецесија - смета Митко Алексов, извршен директор на ССК.
Алексов информираше дека добро е што засега немаат откажување на нарачките, но рецесијата што по сите индикатори се очекува следната година во ЕУ, ќе се одрази и на македонското стопанство.
За Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, само инвестирањето во инфраструктурата и реиндустријализација би донело и подобрување на извозот.
- Со свртување кон изградба на нови индустриски капацитети ќе ја подобриме значително билансната позиција, ќе го подобриме извозот и ќе ги привлечеме странските инвестиции кои во тој момент ќе бидат поатрактивни затоа што ќе ја подобриме инфраструктурата - вели Азески. Тој потсети дека за разлика од ноември 2008 година кога наеднаш запреа нарачките за следната година, сега ситуацијата е подобра бидејќи тоа се случува само кај одредени сектори, но во целина не како тогаш.
Конкурентската положба на "Макстил", најголемиот македонски извозник на челик, е загрозена поради високата цена на струјата, гасот, основните влезни суровини, како и специфичните трошоци на железничкиот превоз. Според Митко Кочовски од "Макстил", неопходна е секојдневна комуникација со надлежните институции во државата за да се надминат сите овие слабости коишто директно ја загрозуваат конкурентноста на компанијата која 95% од производството го извезува.